Прегазено 11 годишно дете пред училиште во скопско Влае

11-годишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот попладне околу 15.20 часот пред влезот на основното училиште "Димо Хаџи Димов" во скопската населба Влае.

 

Според МВР, детето го удрило автомобил марка „шевролет“, управувано од шеесетгодишен скопјанец. Детето отишло да ја земе својата сестра од училиште, но било прегазено. 

Хоспитализирано било на Детска хирургија со скршеница на надлактицата.

 
 
20.11.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега