ОН: Рестрикциите на границите на Балканот создавале тензии
Новите рестрикции на границите меѓу земјите на Западниот Балкан, вклучувајќи ја и категоризацијата на бегалците и имигрантите по национална основа, создаваат неодржлива ситуција, предупредија денеска меѓународните хуманитарни агенции на ОН, пренесе МИА.
Во заедничкото соопштение на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и Меѓународната организациа за миграции (ИОМ) се вели дека наведените мерки создаваат тензии на граничните премини и дека многу семејствата остануваат „заглавени“.
- Потребно е итно да се воспостават дополнителни прифатни капацитети на граниицте, изјави Адријан Едвардс, потпарол на УНХЦР на прес-конференција во Женева.
Од друга страна, потпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу оцени дека од ваквата состојба најтешко се погодени децата бегалци и имигранти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа