МВР со детали за драмата во Хиподром: Викала на цел глас, го фрлила детето па себе

На 16 месецов во 08 часот и 47  минути се одвивала вистинска драма во скопската населба Хиподром кога 37-годишната Е.С. сезаканувала дека ќе го фрли нејзиното дете од тераса, а потоа и го направила истото. Случајот во полиција го пријавил 41-годишниот сопруг на жената, А.С. кој на полицајците им раскажал дека неговата сопруга која била психички растроена, се заканувала дека ќе му наштети на нивното дето и на себе си. Настанот се одвивал  на улицата „Пехчевска“ во населбата Хиподром, на четвртиот кат на терасата на станот во кој живее семејството.

По добиената пријава на местото на настанот била упатена групата за интервенции, која по пристигнувањето побарала да дојдат екипи на итна медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита и да донесат воздушен душек. Противпожарната бригада со возило пристигнала од задната страна на зградата  каде бил подобар пристапот за поставување на воздушниот душек. Истовремено А.С. заедно со соседот З.О. стоеле под терасата и разговарале со Е.С. со намера да ја разубедат во намерата, а таа викала на цел глас дека ќе го фрли детето и себе.  Според информациите, околу 09 часот и 50 минути Е.С. го качила нивното шестгодишно дете на прозорот од западниот дел на терасата и со рацете го турнала надолу, но за среќа, паѓајќи детето со глава удрило на метална шипка за поставување на жица за алишта, а неговиот татко и соседот З.О. успеале да го прифатат со раце и да го ублажат падот, со што спречиле трагедија, но  детето со возило на итна медицинска помош било однесено во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.  За тоа време Е.С. разговарала на телефон и фрлила два мобилни телефони и лист хартија – проштално писмо. 

Од страна на Противпожарната бригада душекот бил поставен под терасата каде се наоѓала Е.С. но таа откако ќе видела дека е поставен душекот, влегувала во станот и се појавувала на прозорците од западната и југоисточната страна, каде душекот бил преместуван. 

Во меѓувреме преку Единицата за известување и команда е побарано да се вклучи  алпинистички тим и лица за преговарање од Единицата за специјални задачи, кои со три возила пристигнале на местото на настанот околу 10.05-10.10 часот.  По согледување на  состојбата кон влезната врата од станот, веднаш се упатени преговарачкиот тим и тимот за обезбедување со задача да воспостават вербална комуникација со жената и да го обезбедат просторот. Околу 10.15 часот, преговарачкиот тим успеал да воспостави вербален  контакт со Е.С. при што таа одговарала во вид на исповед за се што направила и има намера да направи. Било побарано да ја отвори вратата со намера да се оддалечи од прозорците (за да на алпинистичкиот тим му овозможи  да се спушти и ги блокира прозорците од станот), но таа не прифатила. Направен е и обид  со давање информација за добра  здравствена состојба на нејзиниот син да се одврати од намерата.

За цело време додека траела комуникацијата Ема  седела на рамката од прозорецот. Околу 10.20 часот прекинала комуникацијата, а Е.С. која била свртена со грбот кон надвор, ја тргнала раката од рамката на прозорецот и со наклонување наназад паднала. Во тој момент алпинистот се спуштил обидувајќи се да ја спаси, но не успел во намерата. 

Со возило на итна медицинска Е.С. помош била однесена во ургентен центар. Од извршените проверки во ургентниот центар од медицинските лица е заклучено дека  Е.С се здобила со повреди на градниот кош, додека нејзиниот син се здобил со повреди на коските на главата . По извршениот  разговор со А.С. е дознаено дека  неговата сопруга имала здравствени проблеми (психички нарушувања) и дека имале семејни недоразбирања.

Увидот е во фаза на изработка и истиот во наредните денови ќе биде процесиран до Основното Јавно Обвинителство во Скопје.

 
 
20.11.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега