Измена на Законот за медиуми - додаден член за насилство врз новинарите

На предлог на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на разговорите за медиумите на Работните групи што се одвиваат во Клубот на пратениците, усогласен е член кој ќе биде вметнат во Законот за медиуми, а кој се однесува на насилството врз новинарите.

Ова воедно е прв усогласен член кој се очекува да стане дел од Законот.

По членот 8 во Законот ќе се додаде нова глава која гласи: Заштита на новинар.

Членот 8 - а гласи: 

(1) Секој новинар мора да биде заштитен од физички закани или напади.

(2) Кога постојат сериозни индиции дека на новинар може да му биде загрозена неговата безбедност, треба да му биде обезбедена полициска заштита.

(3) Јавното обвинителство и судовите во Република Македонија навремено и соодветно постапуваат во случаите кога новинар добил физички закани или бил физички нападнат.

Разговорите на претставниците на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за медиумите продолжуваат и денеска во Клубот на пратениците. Посредникот во разговорите Питер Ванхауте пред почетокот на средбата рече дека очекува до крајот на следната недела да бидат донесени соодветните измени на законите кои се однесуваат на медиумската сфера и со тоа да завршат разговорите за овој дел од Договорот во Пржино. 

 
 
20.11.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега