Курир до СДСМ: Ако ве интересира со кого се сретнавме обратете се до Канцеларијата на ЕУ

 

СДСМ и денеска продолжува со притисоци врз Курир, откако вчера редакцијата на Курир оствари средба со високи претставици на ЕУ во Македонија, пишува Курир.

СДСМ денеска прашува зошто „Курир“ не ги објавувал имињата на претставниците со кои се сретнале, а одговорот на Курир е доколку СДСМ толку ја интересира со кого се сретнале, тогаш нека се обрати до канцеларијата за односи со јавност во Делегацијата на Европската комисија и ќе добие информации дали и со кого е остварена средба, наместо секојдневно преку смешни соопштенија да го прозива Курир за тоа дали ги повикал меѓународните институции.

Од Курир повторуваат дека доколку СДСМ сака да знае дали и со кого се сретнале, тогаш нека се обрати до канцеларијата на ЕУ во земјава. Инаку, на вчерашната средба, ги од порталот ги информирале странските претставници за последните случувања кога членови на СДСМ испратија грозоморни закани по живот до сите вработени во медиумот.

Од страна на порталот тие беа информирани и за целиот однос кој опозициската партија го има кон нив, како и за секојдневните соопштенија преку кои вршат директен притисок врз новинарите на Курир. Курир ги информираше високите европски претставници за сето она за кое на јавноста и најави дека ќе ги информира, а ако СДСМ толку го интересира со кого се сретнале, еве по трет пат, повикуваат да се обратат до Канцеларијата на ЕУ.

Високите претставници на ЕУ, жестоко го осудија ваквото однесување кон новинари. Од нив порталот доби силна поддршка и заложба новинарите да можат слободно да си ја работат својата работа. За потсетување, заканите до вработени во Курир од страна на СДСМ, беа остро осудени и од Европската Комисија.

Европската комисија минатата недела ги осуди заканите по животот на новинари на македонскиот интернет-портал „Курир” од страна на активист на опозициската СДСМ. Повикувајќи се и на забелешките за слободата на медиумите во последниот прогрес-извештај, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич, порача дека „Брисел осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат”.

- Европската комисија придава големо значење на почитувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Како што е наведено во извештајот за напредокот, посебно во оној за вашата земја, Европската комисија осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат, порача портпаролката Коцијанчич на прес-конференцијата во зградата на ЕК во Брисел.

 

ИЗВОР: КУРИР

 
 
20.11.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега