Полицијата влезе во Гостивар

СВР Тетово во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола во периодот од 7 до 11 часот, во Гостивар, Чегране и Галате, на различни места. Според податоците, биле затекнати и приведени се 25 албански државјани на возраст од 20 до 48 години, најмногу од градовите Дибр и Либражд. Најголемиот број од нив воопшто не го пријавиле својот престој, не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во земјава. По нивното приведување и неколкучасовно задржување, соопшти денеска МВР, албанските државјани предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија,  а доцна синоќа преку граничниот премин Блато депортирани се во нивната матична земја.

 
 
20.11.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега