Телеком ќе подели дивиденда од 20 милиони евра

Собранието на Македонски Телеком АД - Скопје на својата седница, одржана на ден 20.11.2015донесе Oдлука за распоредување на дел од акумулираната добивка на Друштвото во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија во вкупен вруто износ од 1.240.660.224,00 денари за исплата на дивиденда. Бруто износот на дивиденда по акција е 14,38 денари. Друштвото од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо,при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата.

Датумот на евиденција (пресек) на акционерска книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.12.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.12.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.12.2015 година. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 18.12.2015 и 29.12.2015 година.

 

Македонски Телеком дополнително ќе ги информира акционерите во врска со деталите поврзани со исплатата на дивиденда, со соодветно известување на веб сајтот на Македонска берза, во медиумите, како и на својата веб страница. 

 
 
20.11.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега