Ременски прекрши три закони

Постапката за вработување на посебните советници е многу јасно и прецизно уредена во Законот за вработени во јавен сектор.

Согласно истиот за Министерството за труд и социјална политика треба да обезбеди согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување на посебните советници и потоа раководното лице на институцијата да објави јавен оглас согласно со општите прописи за работни односи или да склучи договор за отстапување на вработен со Агенција за привремени вработувања.

Согласно законот за работни односи без потпишување на договор за работа никој не може да стапи на работа ниту во јавен ниту во приватен сектор.

Покрај овие прекршувања на законите, техничката министерка Фросина Ременски, влијае вработените во нејзиниот кабинет да направат неколку дисциплински повреди со испраќањето на имејл до сите вработени со кои ги задолжува вработените во МТСП да барат одобрување за секој одговор до граѓаните од Мила Царовска, при што го прекршила Законот за јавна администрација или поконкретно членот 73 точка 1 од истиот закон, односно несовесно и небрежно ги вршела работните задачи, членот 73 точка 12, го злоупотребила статусот на административен службеник, точка 13 од истиот член, ги злоупотребила доверените овластувања во вршењето на работните задачи и членот 73 точка 22, со тоа што се однесувала спротивно на членот 5 од Кодексот за административни службеници.

 
 
20.11.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега