СДСМ ги поттикнува граѓаните да уништуваат пари

До каде оди лудилото на СДСМ и каков однос има СДСМ партија која само формално води кампања за заштита на средната класа, спрема парите покажува нивната иницијатива и повик на луѓето да уништуваат пари, терајќи ги да испишуваат политички пораки на истите, пишува Курир.

Портпаролот на СДСМ, кој воедно е и пратеник, Петре Шилегов, на својот профил на „Фејсбук“ објави нешто, што, како што самиот си кажа, му текнало - На секоја банкнота од 100 денари што ќе дојде кај луѓето да напишат Збогум Никола и да ја пуштат во промет.

Во коментари по објавеното се појавија 100 денарки и 500 денарки на кои е ставен печат.  Иницијативата на Шилегов е преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.

Она што е скандалозно е што ваквиот чекор ја покажува ароганцијата во редовите на СДСМ и нивното раководство кое се каратеризира со поседување на голем имот, комфор, и луксузирање, а сега со парите кои за голем број на граѓани имаат вредност се поигруваат и ги тераат да ги уништат, птокнувајќи ги да сторат кривично дело.

Таквата нивна иницијатива прво преставува кривично дело, второ и согласно прописите НБРМ не ги смета за валидни парите кои се изменети или доцртани, односно истите немаат вредност.

Тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години, се вели во Член 268 од Кривичниот законик на РМ.

Јасен став има и НБРМ.  Тие излегоа со официјален став.

-Во врска со вашето прашање, би сакале да ве информираме дека во член 26 точка 4 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14 и 153/15), е уредено правото на Народната банка да конфискува без надомест книжни или ковани пари што се сменети во нивниот надворешен изглед, особено книжни или ковани пари на кои е пишувано, кои се боени, на кои има печати или перфорации или кои се премачкани со леплива материја – велат од НБРМ.

Во Законот на НБРМ стои дела оштетените пари се повлекуваат или уништуваат без надомест за сопственикот.

Народната банка може да одбие да замени книжни и ковани пари ако нивниот дизајн е оштетен, разобличен или перфориран или ако повеќе од 40 отсто од нивната површина недостасува. Овие книжни и ковани пари се повлекуваат или уништуваат без надоместок за сопственикот, освен ако постои доказ дека деловите што недостасуваат се целосно уништени, па тогаш Народната банка одобрува целосен или делумен надоместок. Народната банка не дава надоместок за книжни или ковани пари што се изгубени, украдени или целосно уништени. А може да конфискува без надоместок книжни или ковани пари чиј надворешен изглед е сменет, особено книжни или ковани пари на кои е пишувано, кои се боени, на кои има печати или перфорации или кои се премачкани со леплива материја – пишува во законот.

 
 
20.11.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега