Фалсификувани пари пронајдени во Куманово

СВР Куманово во два одделни случаи пронајде фалсификувани пари, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки. 

МВР денеска соопшти дека во првиот случај врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово, извршен е претрес во домот на Б.Џ. (29) лоциран во село Опае, Општина Липково при што се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети, одземени се: 10 банкноти во апоени по 50 евра, сите со ист сериски број и еден гасен пиштол со четири куршуми.

По целосно расчистување и документирање на настанот, стои во соопштението, против Б.Џ. ќе биде поднесена кривична пријава за „фалсификување пари“ и барање за поведување прекршочна постапка по Закон за оружје.  

Во вториот случај, од страна на полициските службеници од СВР Куманово во Спортска сала Куманово пронајдени се 18 банкноти по 1.000 денари со ист сериски број, кои се предадени на вештачење во Народна банка на РМ.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

 
 
20.11.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега