Пензионерите уплашени дека личните податоци им завршуваат во штабот на СДСМ

По примателите на социјална помош и другите ранливи групи денес со оправдана реакција и пензионерите кои се згрозени од одлуката на техничката министерка од СДСМ Фросина Ременска да обезбеди пристап до информациите и податоците на министерството на првиот човек на сдсмовската комисија за труд и социјална политика Мила Царовска, пренесе Курир.

Велат дека се згрозени од одлуката на техничката министерка од Фросина Ременска да обезбеди пристап до информациите и податоците на министерството на првиот човек на партиската комисија за комисија за труд и социјална политика Мила Царовска, која воопшто не е вработена во надлежното министерство, што преставува грубо партизирање на институцијата и прекршување на прописите.

-Мислам дека тоа е крајно безобразна работа затоа што се зборуваше дека тие ќе бидат професионалци а ова сега покажува дека овие не се професионалци, туку ова се некои удбашки методи. Неовластено лице да зема податоци, јас не знам кад ќе води ова, затоа што личните податоци се заштитени со закон и нема смисла неовластено или партиско лице, особено што не е вработено во тоа ресорно министерство да зема туѓи податоци. Не сакам да шпекулирам, но може сешто да се случи. На секој чекор ова се дискутира . се дигна бука да се подобрат некои работи кои наводно не биле добри, но со назначување на тоа лице ова претставува уназадување, вели пензионерот Мирко Ѓорѓиев.

-Како може некој непознат човек во министерството да бара документи од некој кој си има мака? Секој што поднел документи во Министерството за труд има проблеми. Министерството за труд и социјала не е селска задруга па некој да си игра како сака. Тоа е министерство  треба да имам е почит према тоа министерство. Јас на таа жена и симнувам капа. Како може една жена која не е избрана, која не е сакана, да седне на фотелја каде што не и е местото, вели Ѓорѓиева Ана и додава: Ова министерство добро работи, еве јас како пензионер, покачена ми е пензијата со ова министерство, се возам без пари, одам на бањи. Но не само тоа и моите внуци се возат без пари, се школуваат и јас не знам што друго сакаме, заклучува таа.

Како може ако јас барам помош, додава таа, моите документи да одат кај нејзе.

Личните податоци чија тајност е загрантирана со закон сега може да ги проверува надворешно лице и да ги злоупотреби за партиски цели.

Ниту во МТСП, ниту во АВРМ , ниту во ПИОМ или ФЗОМ ниту во било која друга државна институција нема никаков доказ дека Мила Царовска е вработена во Труд и социјала како советник. Откако беше обелоденет овој скандал, Царовска е одјавена од организацијата Хера каде била програмски кординатор со јасна намера Ременска да го затскрие овој скандал.

Ременски на овој начин прекршува три закони

Постапката за вработување на посебните советници е многу јасно и прецизно уредена во Законот за вработени во јавен сектор.

Согласно истиот за Министерството за труд и социјална политика треба да обезбеди согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување на посебните советници и потоа раководното лице на институцијата да објави јавен оглас согласно со општите прописи за работни односи или да склучи договор за отстапување на вработен со Агенција за привремени вработувања.

Согласно законот за работни односи без потпишување на договор за работа никој не може да стапи на работа ниту во јавен ниту во приватен сектор.

Покрај овие прекршувања на законите таа влијае вработените во нејзиниот кабинет да направат неколку дисциплински повреди со испраќањето на имејл до сите вработени со кои ги задолжува вработените во МТСП да барат одобрување за секој одговор до граѓаните од Мила Царовска при што го прекршила Законот за јавна администрација или поконкретно членот 73 точка 1 од истиот закон, односно несовесно и небрежно ги вршела работните задачи, членот 73 точка 12, го злоупотребила статусот на административен службеник, точка 13 од истиот член, ги злоупотребила доверените овластувања во вршењето на работните задачи и членот 73 точка 22, со тоа што се однесувала спротивно на членот 5 од Кодексот за административни службеници.

 
 
20.11.2015 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега