ОК ВМРО-ДПМНЕ–Центар: Богдановиќ да одговори како успеа да стигне до месечни примања од 119.000 денари

ОК ВМРО-ДПМНЕ–Центар го изразува своето длабоко жалење поради обидот за дрско и безочно манипулирање со јавноста од страна на  директорот на ЈПЦ ПОЦ Саша Богдановиќ, се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ–Центар.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:

Се прашуваме дали преку поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на три закони ( Закон за вработените во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за јавните претпријатија) и постојаните  жалби за наводен притисок од страна на на инспекциските служби ( редовна постапка во сите јавни и државните институции) директорот на ЈПЦ ПОЦ Саша Богдановиќ сака да го сокрие багателното богатење на сметка на институцијата што ја раководи.

Високиот функционер на СДСМ и главен послушник на Андреј, Саша Богдановиќ, должен е пред граѓаните на Општина Центар  да  одговори, на кој  начин од позиција на директор на ПОЦ успеја да стигне до месечни примања во висина од 119.000 денари.

Ова е само уште еден доказ за расипништвото на именувани функционери од СДСМ и ЛДП кои изгледа не ги интересира ништо друго освен личниот интерес и личното богатење.  Граѓаните на Општина Центар имаат право да ја знаат вистината.

presmetka

 
 
20.11.2015 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа