ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва на Илинденска, едно лице се бори за живот

Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 20:15 часот на булеварот Илинден, дознава Курир.

Според првичните информации, во сообраќајката учествувале  Ауди, Фиат Пунто и мотор.

При несреќата, возачот на моторот се здобил со повреди и е итно пренесен во Ургентниот центар.

Увидот е во тек. Засега нема информации за тежината на повредите. 

Според ВЕЛЕР, очевидци сведочат дека возачот на автомобилот избегал веднаш по судирот, а мотоциклистот е тешко повреден и се бори за живот. 

 
 
20.11.2015 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега