Филмаџии од Европа снимаат филм во Мариово

Филмаџии од Европа денеска во атарот на мариовското село Мегленци почнаа со снимање филм во македонско-италијанска-француска-албанска копродукција.

Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци бил информиран дека станува збор за интересна животна приказна на едно албанско семејство, а за најпогодно го избраа мариовското село Мегленци. 

- Општина Новаци изобилува со  богато културно историско наследство, 41 населено место, над 90 цркви и манастири и многу интересна карактеристична архитектура особено во мариовскиот дел. Одтаму се поголема е заинтересираноста на филмските работници да снимаат токму на овие простори. Денес се наоѓаме на сетот на филм кој е интересна животна приказна на едно албанско семејство иселено во Италија. Се надевам дека ќе има уште поголем интерес за снимање на филмови и серии на наша територија и ние како општина ќе направиме се што е во наша моќ тоа да го поддржиме и да им обезбедиме услови за работа, нагласи Котевски.

Филмот кој се снима во Мегленци, според жанрот, е драма, приказна за едно албанско семејство, татко и син, кое живее во Италија. Синот прави злосторство за кое треба да одговара, а таткото доброволно се пријавува како сторител на дејствието заради што одлежува затворска казна. По излегувањето на слобода таткото затекнува една поинаква ситуација од онаа која што ја оставил пред неговото затворање – синот е политичар кој се што спечалил татко му испустил. Таткото решава да ја напушти Италија и да се врати во родната грутка во своето албанско село, но во семејната куќа затекнува дивонаселено семејство –мајка и две ќерки кои нашле засолниште бегајќи од своето семејство заради опасност од крвна одмазда, е дел од сценариото на филмот.

 
 
20.11.2015 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега