Идеите се добредојдени: Да помогнеме за поголема безбедност во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на патиштата (РСБСП) ги повика граѓаните со свои идеи директно да учествуваат во креирање на програмата за 2016 за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

- Пешаците, велосипедистите и шоферите кои и најдобро ја познаваат состојбата на патиштата и се сведоци на голем број ситуации што се случуваат на улиците, ќе можат да помогнат и да ги споделат своите идеи кои би се употребиле во кампањите на РСБСП, се со една единствена цел, а тоа е безбедно да се чуствуваме на патишата, без разлика дали сме пешак, велосипедист или шофер, соопшти РСБСП.

Посочуваат дека ваквиот процес на консултација со граѓаните е со цел креирање и промоција на квалитетни политики во кои индивидуалниот пристап и придонес е клучот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Граѓаните своите идеи ќе можат да ги споделат на линкот на РСБСП  http://rsbsp.org.mk/vashi-predlozi-i-komentari .

 
 
21.11.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега