Крвава ноќ во Скопје

Вистинска драма се одвивала синоќа во Скопје. Околу 18 часот на улицата „Лепенечка“, во фурна додека во истата бил 61-годишниот Ф.П. дошло непознато машко лице и побарало да се види со вработената А.А. Според податоците од полицијата, откако тој му рекол на насилникот дека не може да влез, тој насилно ја отворил вратата, влегол во дворот од објектот по што извадил нож и го нападнал нанесувајќи му повреда во вид на расекотина на левата рака и гребаница на левиот образ.

Во тој момент дошла А.А. која тој ја барал, по што истрчал кон неа и замавнувајќи со ножот и нанел убодна рана на десната страна под рамото, по што физички ја нападнал. Откако на местото на настанот пристигнал сопственикот на фурната, лицето избегало.

Ф.П. и А.А. биле префрлени во Клиничкиот Центар во Скопје. По кратко време бил приведен 41-годишниот кумановчанец В.И.

 
 
21.11.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега