НЕВРЕМЕ ВО ГОСТИВАР: Повредени две лица, оштетени објекти и возила

Невремето во Гостивар вчера направи вистински хаос. Две лица се повредени, а воедно оштетени се и два објекти и возила откако од силината на ветрот, дрво паднало врз монтажен објект, на улицата „Мајор Чеде Филипоски", кој се користел за продажба на зеленчук и овојше, каде биле повредени двете лица. Се работи за 19-годишниот Е.О. и 27-годишниот Б.А.кои биле згрижени во Ургентното оддление со повреди здобиени од падот на дрвото.

Паднат излог од првиот кат на објектот „Мон Блан“ оштетил неколку возила на паркингот. На улицата „Беличица“, керамиди кои паѓале од покривите оштетиле седум возила. Во селото Мало Турчане е регистрирано оштетување на покрив од куќа и падната бандера за струја, а на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај Здуњската раскрсница паднат е семафор.

Во Мавровскиот регион од ветрот има повеќе оштетувања, поради кои има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Одрон од камења и земја го блокира патот кон селото Сенце.

 
 
22.11.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега