МВР со нови детали за мигрантите

Состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница на државата е редовна и нема значителни промени или вонредни настани, информираат за МИА од МВР.

На јужната граница има неколку илјади мигранти од грчка страна и се пропуштаат само оние од Сирија, Авганистан и Ирак.

Според информацијата на МВР, денеска, како и вчера, на Табановце нема задржувања на мигрантите во прифатните центри, а регистрацијата се одвива редовно.

 
 
22.11.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега