Топло добредојде за Груевски во Долни Дисан: Премиерот меѓу граѓаните (ВИДЕО)

Посетата на Премиерот Никола Груевски  на Неготино и неготинскиот регион заврши во доцните часови во текот на вчерашниот ден. По селото Криволак, Груевски освен на камен темелникот на индустриската зона во Неготино ги посети и жителите на селото Долни Дисан.

 

Стотици жители го пречекаа Груевски сред село и му изразија благодарност за посетата која беше токму на чествувањето на празникот Св. Арнахгел Михаил, кој е и нивна селска слава.

Граѓаните го истакнаа проблемот со водоснабдување. Беше истакнато дека набрзо ќе следи решавање преку реализација на два проекти. Наредната година ќе се реконструира пумпната станица Марена, проект вреден околу 30 милиони денари, додека вториот проект предвидува изработка на крах од водоснабдителниот систем со кој ќе се опфати областа Дисанија.

Исто така беше посочена потребата за изградба на пат за селото Вешаје за што градоначалникот истакна дека механизацијата работи со засилено темпо и до крајот на април ќе биде пуштен во употреба новиот пат.

Земјоделците побараа доколку може како посебна категорија да бидат вклучени како кредитоспособни и за проектот „Купи куќа-купи стан“, за што премиерот им вети дека ќе се разгледа ова барање и доколку постои можност да им се излезе во пресрет.

 
 
22.11.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега