Ни дојде зимата: Подгответе се за првиот снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Промената на времето ќе се почувсвува веќе од утре кога ќе преовладува умерено до значително облачно време, претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини има услови за повремени врнежи од снег. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 5 до 9 степени во однос на денешната.

Утринските температури под нулата.

 

 
 
22.11.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега