Сообраќајка на Скопје-Тетово: Удрил во автомобил и излетал во нива

Сообраќајка се случила попладнево во периодот помеѓу 16 часот и 30 минути и 17 часот во близина на ресторанот Два Фазани во близина на Сараќино при што автомобил Голф 4 со скопски регистарски таблички управуван од Б.С.(36) од Скопје удрил одзади во автомобил Сеат Ибица управуван од Б.Р.(22) од Копанце. Б.Р. од ударот се здобил со лесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница бил пуштен на домашно лекување. Голфот по судирот продолжил неконтролирано да се движи, ја пробил банкината покрај автопатот и завршил во нива, но за среќа возачот поминал без повреди

најчитано сега