ВМРО-ДПМНЕ благодарни на граѓаните: Секоја идеја ќе биде анализирана

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодарува на граѓаните кои изминатите 4 дена одлучија да ја поддржат кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ и до партијата ги доставија своите сугестии, идеи и мислења во разни области.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

          Секоја идеја на граѓаните поединечно ќе биде анализирана и разработувана од страна на стручни тимови на партијата.

          Досега само по електронски пат на специјализираната интернет страна www.ideja.vmro-dpmne.org.mk и e-mail адреса ideja@vmro-dpmne.org.mk пристигнаа над 1200 предлози, а стотици други се доставени по писмен пат на штандовите кои деновите беа распоредени во повеќе градови и во партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава.

          Најголем дел од идеите се однесуваат на прашања поврзани со подобрување на економско-социјалната состојба, земјоделието, на подобрување на животот на младите, екологијата, како и за други области.

          ВМРО-ДПМНЕ секогаш го ценела мислењето на граѓаните, а за тоа говори и реализацијата на голем број проекти кои произлегле токму од идеите на граѓаните. Во изминатиот период се реализираа следниве идеи дадени од граѓаните:

Легализацијата на дивоградби за по едно евро за метар квадратен,

Увоз на половни автомобили,

Откуп на дворно земјиште за едно евро метар квадратен,

Во Битола изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, изградба на Градското шеталиште и градскиот парк,

Во Гевгелија изградбата на театарот, како и изградба на атмосферска канализација на улица 7 Ноември,

Во Радовиш како резултат на предлог на граѓанин е изградбата на ново основно училиште “Никола Карев,

Во Прилеп како резултат на предлогот од граѓани се изгради плоштадот Александрија и новата спортска сала во О.У. Ѓорче Петров,

Во Кавадарци изградбата на подрачно основно училиште во село Глишиќ и изградбата на нов градски плоштад.

Наредната недела продоллжуваат активностите за собирање на идеи, а од среда ќе започнат четирите партиски тима да присуствуваат на трибини низ градовите каде што и дирекно ќе се дискутира со граѓаните околу нивните идеи кој би влегле во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
22.11.2015 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега