Викендов хаос во Скопје: Повредени 18 лица

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди. Во сообраќајните незгоди повредени се вкупно 18 лица.

Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник,  еден пешак и еден велосипедист.

Се случиле и две незгоди со последица телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден мотоциклист, а со телесни повреди еден пешак.

На 21 ноември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и  една е со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник.

Во текот на вчерашниот ден, 22 ноември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден патник во автобус.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.

 

 

 
 
23.11.2015 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега