Денови на македонската култура во Самобор

Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од хрватскиот град Самобор, по повод 10-годишнината од постоењето од денеска до 27 ноември организира „Денови на македонската култура“, пишува МИА.

По тој повод вечерва во Градската библиотека Самобор ќе се одржи концерт на македонски песни и ора. Утре исто така во библиотеката ќе се одржи предавање и изложба на теракотни икони од Виница од III-IX век и народни носии. Во среда ќе биде прикажан филмот „Циганска магија“ на Столе Попов, а за македонскиот филм ќе зборува проф. Крешимир Микиќ. Планирана е и вечер посветена на македонската книжевност.

„Деновите на македонска култура“ ќе завршат во петок со дегустација на македонска храна, а во музичкиот дел ќе гостува вокалниот ансамбл Езерки. 

Покровители на настанот се Советот на национални малцинства на Република Хрватска, Градска библиотека Самобор и Градс Самобор и Загрепска жупанија.

 
 
23.11.2015 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега