Претседателот Иванов во Брисел на средби со Столтенеберг и Тимерманс

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе има средба со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.

Според агендата, македонскиот претседател утре ќе се сретне со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел, како што се наведува во соопштението, ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза. 

 
 
23.11.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега