Неколку скопски населби утре без струја

Без струја утре од 9 до 4 часот ќе останат корисниците од Дуќанџик и дел од Старата Скопска Чаршија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро - системот, без електрична енергија од 8:30 до 14:30 ќе останат дел од корисниците од село Љубош и од 9 до 14 часот дел од улицата Ленинова од број 24 – 38, дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ – од Ленинова кон кружниот тек и дел од улицата Пиринска – делот од Ленинова кон кружниот тек.

 
 
23.11.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега