Несреќа во Гостивар: Работник без свест пренесен на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден околу 15 часот, на Ургентното одделение во гостиварската болница било донесено лице од Република Албанија со тешки телесни повреди во пределот на главата, кое претходно ги задобило работејќи на поправка на објект во близина на спортската сала во Гостивар. Во засега неутврдени околности и од непознати причини, додека со други работници ги санирале оштетувањата од завчерашното невреме, му паднала тула на главата, по што загубил свест и по укажаната помош во гостиварската болница, пренесен е на Ургентниот центар во Скопје.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
23.11.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега