Детали: Како починал екс-шефот на македонското воено разузнавање

Нема траги на насилство ниту прострелни рани врз телото на екс-шефот на военото разузнавање Горан Софески, дознава Press24 од полициски извори кои се дел од увидот на терен. 
Според првичните и се уште неофицијални информации, Софески рано утрово бил пронајден мртов во атарот на кичевското село Раштани каде се упатил на лов. Телото го пронашле случајни минувачи. Местото се наоѓало на 5 километри од градот Кичево. 
Полицијата официјално соопштува дека вчера лицето Г.С. (44) било пријавено како исчезнато во полициската станица во Кичево од негови роднини. Ја потврдуваат и инфромацијата дека едно лице е пронајдено мртво во атарот на селото Раштани но не се соопштува неговиот идентитет.
Неофицијални информации велат дека Софески имал проблеми со срцето, па најверојатно смртта настапила поради проблеми со овој орган. Сепак овие информации немаат официјална потврда бидејќи на терен е јавен обвинител кој врши увид. По комплетирањето на увидот и официјално ќе биде познато што е причината за смртта на Софески. 
Полициски извори за Press24 велат дека е неточна информацијата која ја објавија медиумите под контрола на опозицијата дека на терен биле излезени специјалните полициски екипи.

 
 
23.11.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега