Македонија и Кина ги поврзува традиционалното пријателство

Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, денеска заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и заменик министерот за економија Христијан Делев, учествуваше на 4-тиот Самит на шефови на влади на земјите на Централна и Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум што се одржува во градот Суџоу, Народна Република Кина.

Премиерот Груевски имаше свое обраќање на Самитот на шефови на влади каде се присутни 16 делегации од држави од Источна и Централна Европа и домаќинот, кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Како што информира владината прес-служба, тој истакна дека Република Македонија и НР Кина ги поврзува традиционалното пријателство чии билатерални односи континуирано бележат нагорен тренд, но и зголемена соработка во реализација на важни проекти во рамките на Централно-европската иницијатива.

-Во рамките на посветеноста на НР Кина на процесот на соработка со земјите од Централна и Источна Европа и отвореност на кинеската економија за поблиски релации со нив, Република Македонија ја препозна и прифати можноста понудена од страна на кинеската влада за финансирање на инфраструктурни проекти во рамките на формираниот фонд со Варшавската иницијатива, посочи Груевски.

 
 
24.11.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега