Во Кичево денеска и утре не работат средните училишта

Средните училиште „Мирко Милески„ и „Дрита“ денеска и утре нема да работат поради менување на старите прозорци, со нови пластични во целиот објект каде што се сместени овие две училишта.

Директорката на средното училиште Дрита Неби-Билали изјави дека училиштата нема да работат овие два дена поради замената на старите прозорци со нови пластични со што, како што додаде, ќе се зголеми енергетската ефикасност и ќе заштеди за грење на просториите.

Инвестицијата е од ИПА фондовите на Европската унија.

Училиштата, како што информира Неби-Билали се снабдени со нафта за грење и без проблеми функционира превозот на учениците.

Редовната настава во кичевските средни училишта како што е најавено, ќе продолжи во четврток.

 
 
24.11.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега