Столтенберг го пречека Иванов во целосен мрак - седиштето на Алијансата без струја

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг попладнево во седиштето на Алијасната во Брисел во целосен мрак го пречека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, пренесе МИА.

На денот кога во НАТО се возбудени духовите поради соборувањето на рускиот авион на небото меѓу Сирија и земјата членка на НАТО Турција,  повеќе од три часа седиштето на Алијансата е без електрично напојување, јави дописникот на МИА од Брисел.

Токму во таква атмосфера започна и состанокот Столтенберг - Иванов кој се очекува да заврши околу 16: 45 часот, со оглед на тоа што од 17 часот започнува вонредниот Северноатлантски совет кој го свика Турција во однос на денешните настани со соборувањето на рускиот авион.

Дводневната работна посета на претседателот Иванов на Брисел, според дописникот на МИА, се чини не можеше да дојде во полошо време со оглед на тоа што во европската и белгиска престолнина владее целосна воено полициска окупација поради четвртиот степен на закана по безбедноста, а во однос на можни терористички напади во Брисел.

 
 
24.11.2015 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега