Граѓаните продолжуваат со огромен број на идеи за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Огромен е интересот кај граѓаните да достават своја идеја која би станала дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

Граѓаните од цела Македонија преку Интернет, но и на штандовите поставени во нивните градови даваат свои предлог-проекти и го искажуваат задоволството од тоа што можат да бидат директен создавач на дел од програмата на владејачката партија.

На штандовите кои денес беа поставени во Радовиш и Кавадарци излегоа голем број на граѓани, од сите генерации, кои  ја запишаа и доставија својата идеја.

radovisideite

Градоначалникот на општината Радовиш, Сашко Николов истакна дека праксата која ВМРО-ДПМНЕ како партија ја воведе со давање идеи од граѓаните се покажа како многу успешна со тоа што од претходните програми голем дел од идеите на граѓаните се реализираа.

-Граѓаните знаат дека со нас се на сигурно, знаат дека дадените ветувања ги исполнуваме и ги реализираме планираните проекти. Ги почитуваме граѓаните и нивното мислење. И ги вградуваме во партиската програма нивните идеи, од кои како производ во Радовиш се реализирани повеќе проекти и во населените места и во градот. На пример: хортикултурно уредување на булеварот Александар Македонски, реконструкцијата на стариот мост во Радовиш и други, истакна Николов.

Драги Миленков, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека програмата која ја пишуваат народот и експертите ќе биде новиот успех на претстојните избори година кои треба да бидат одржани во месец април следната година.

ideiteodradoviss

Со свои идеи денес излегоа и кавадарчани.

 

-Кавадарчани отсекогаш биле заинтересирани за идеи, но имале страв дали ќе има доволно пари за тоа.  Меѓутоа, со работењето на оваа Влада видоа дека има и доволно пари има и начин како да се обезбедат тие пари и како да се реализираат тие капитални проекти. Кавадарци беше еден од примерите како она што е дадено како идеја на граѓанин потоа е отелотворено на терен. Тоа е една од суштинските разлики кои ја разликува оваа власт од нашата опозиција, рече Александар Панов, градоначалник на Кавадарци. 

kavadarciidei500

 

До вчера, за само три дена, пристигнати се околу 2500 идеи испратени по писмен и електронски пат од преку 1000 граѓани од целата држава.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека кога само тие би се ставиле на хартија би излегла многу обемна и содржински издржана програма, но тоа навистина ги охрабрува, како што велат, да ја направат најобемната и најдобра програма која ќе ја реализираат. Тим од експерти во различни области веќе работи на разгледување на проектите и нивна селекција на оние кои се издржани.

 
 
24.11.2015 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега