Најдобрите ресторани и гостилници во Скопје за 2015 година се...

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, утре во Салата на Советот на Град Скопје ќе ги прогласи најдобрите три ресторани и три гостилници и на сопствениците ќе им додели признанија за Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите за 2015 година.

Изборот се организира традиционално кон крајот на тековната година, а за реализација на овој проект, Градот Скопје ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга, којашто преку директна посета од независни и објективни тајни купувачи/гости го истражуваат и го оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.

Инаку, целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот.

 
 
 
 
24.11.2015 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега