"Што не и ги скрши и рацете и нозете?" - погледнете што направил полицаец на жена жртва на насилство

 

Самела Н. 25-годишна жена од Нови Пазар која е жртва на семејно насилство, преживеала вистински хорор откако го пријавила случајот во полиција. Иако таа секојдневно била жртва на семејно насилство, полицијата не и помогнала. 

- Трпев насилство со години. Последниот пат ситуацијата ескалираше. Ме тепаше по лицето и телото. Кога паднав ме шутираше по нозете и главата. Викнав полиција, а кога дојдоа едниот полицаец го праша маж ми: Зошто на кучката не и ги скрши и рацете и нозете за да не може да дојде до нас и да не викне?

Самела веќе 4 месеци се наоѓа вобелград одделена од сопругот, со своите деца на возраст од 2 и 5 години. Вели дека нејзиниот сопруг се занимава со криминал и е постојано насилен. Вели дека веднаш бил пуштен од полиција, а неа ја малтретирале откако пријавила дека е жртва на насилтво. Вели дека куќата во која живееле со години и вложувала пари и ја продал без да знае. Седела надвор на -18 степени. Побарала помош но никој не и помогнал.

Инаку, денешниот ден се одбележува како Ден против насилството врз жената.

 
 
25.11.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега