Трагедија го разбуди Охрид: Страотен пожар пеплоса возрасен човек и бебенце

Голема трагедија утрово го разбуди Охрид. Како што дознава Пресс24, утринава околу 6 часот, избувнал пожар во барака близу болницата „Св. Еразмо“. Противпожарните екипи излегле на терен и го изгасиле пожарот кој ја проголтал бараката.

Според првичните информации до кои стигнавме, во изгорената барака биле пронајдени изгорен човечки труп и труп од бебе. 

Полицијата врши увид на местото на трагичниот настан.

најчитано сега