Битолчнаец се самоуби скокајќи од 6-ти кат

70 годишниот битолчанец Сиљан Т. утринава си го одземал животот.

Според досегашните информации, битолчанецот скокнал од 6-тиот кат на зградата во која живеел на улицата „Васко Каранѓелески“ во Битола. Тој скокнал од скатларникот меѓу катовите и паднал на настрешницата од влезот на зградата и починал на лице место.

Сиљан Т. заедно со својата сопруга живеел на подолните катови од зградата. Сеуште не се познати причините поради кои битолчанецот одлучил да се самоубие.

Телото на битолчанецот е предадено на обдуција. Полицијата извршила убид на местото на настанот.