Намален бројот на живородени - зголемен на починати лица

За 3,3 проценти е намален бројот на живородени деца во третото тромесечие од годинава во споредба со истиот период лани и изнесува 6.081 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во исттиот период бележи зголемување од 0.5 проценти во споредма со минатогогишниот и сега тој изнесува 4.514 лица. Од нив, 41 е умрено доенче. 

Природниот прираст изнесува 1.567 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица, говорат податоците на Статистика.

 
 
25.11.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега