Вработените во ООУ „11-ти Октомври“ од утре на штрајк

Вработените во ООУ „11-ти Октомври“ од утре на штрајк. Како што дознава НЕТПРЕС наставниците ќе ги примаат децата, но настава нема да има.

По неколку месечниот хаос што се случува во тоа ушилиштето „11-ти Октомври“, вработените се кренаа на глас. Вработените од утре најавуваат штрајк, во кои се потпишани скоро сите вработени и застануваат цврсто на таа одлука.

Како што дознава НЕТПРЕС, утре нема да има настава, а учениците само ќе бидат прифатени, а за понатаму велат ќе се оди на генерален штрајк се додека не се реши целата ситуација.

-Доста беше, превземаме чекор напред и да размисли оној кој ги носи овие одлуки дека ние трпиме, дека ние немаме плата, дека ние имаме двајца директори и трпиме мобинг со недели. Ако општината не е способна да управува со училиштето, нека не’ превземе некој кој се разбира како треба да се работи во едно училиште и да престане овој циркус, вели една вработена.Очигледно градоначалникот нема компетентни служби околу него да му пласираат вистински информации и да се смири ситуацијата. Овој терор трае уште од лани кога имаше смена на неколку ВД директори од страна на општината и тогаш немавме земено плата цели 2 месеци, сега повторно има назначувања, разрешувања на кои им нема крај, а немаме ни набавка на основни средства за да си ја вршиме нашата тековна работа, револтирано изјавува вработената.

Инаку, на денешната седница на општина Центар градоналникот Жерновски беше повикан од страна на советничката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Петковска да одговори дали чувствува морална одговорност за општиот хаос што се случува во ООУ „11-ти октомври“, со оглед на тоа дека поради негова вина, како што самиот призна  во текот на денешната седница, училиштето е во таква ситуација, поради именувањето на несоодветна линост на местото директор на училиштето од негова страна.

-Уште од 1-ви септември децата се без исхрана и без кујна од 7 часот  наутро кога започнува наставата па се до 15 часот. Во училиштето има околу 700 ученици, од кои 400 се без храна  бидејќи се уште не е решен спорот со операторите кои се јавија на оглсот за исхрана. Во вашата програма имавте наведено и бесплатна чаша млеко или парче овошје за секое дете, што се уште не е рализирано, посочи Петковска.

Петковска до Жерновски: Чувствувате ли морална одговорност за општиот хаос во ООУ „11-ти Октомври“

Таа го запраша градоначалникот дали чувствува морална одговорност за скоро 70 вработени кои немаат земено плата од јули месец, каде повеќе од 90 посто имаа кредити за кои плаќаат и закаснети камати а извршителите и звонат секој ден, како и за тоа што вработените неможат да отидат на лекар, бидејќи нивното здрасвтвено осигурување е блокирано.

-Имате одговорност и си ја признавте вината, што ќе превземете  во врска со ова или можеби дозволите на некој друг да го води училитето, праша советничката.

Градоначалникот пак рече дека иако тој признал дека има вина во хаосот со кој во моментов се соочува училиштето, дека општината нема вина во врска со исхраната на децата.

-За платите не гледам вина на општината, во поставувањето на директорот да, но за тоа законот вели  дека Минситерството во рок од 3 дена именува директор од редот на вработените кој ги исполнува условите и информациите кои мене ми беа пренесени за посочената директорка беа такви. Опшината нема никава вина за храната, тоа  не е точно. Имаше избрано оператор којшто требаше да ја замени досегашниот оператор кој снабдуваше храна, но  ја обжалија постапката до општината. Повторно иамше некои дилеми околу бодувањето по што се повторни постапката, повторно беше избран истиот оператор и од идната недела операторот треба да почне со достава на храна, рече Жерновски, кој не сакаше да одговори на прашањето дали чувствува морална одговорност околу сето тоа.

Со оглед на тоа пак што општинските служби не го решиле навремено спорот меѓу двата оператори кои се јавиле на огласот, советничката Петковска, посочи дека стручните служби најверојатно не се ажурни да ги решаваат жалбите и барањата навремено.

 
 
25.11.2015 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега