Седници на три собраниски комисии во македонското Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за труд и социјална политика.

Како што е најавено, седница ќе одржи и Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето, на која треба да се усвои Деловникот на комисија. 

Извештајот  на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност, е единствената точка по која ќе расправа на седницата Комисија за еднакви можности на жените и мажите. 

Комисија за труд и социјална политика на седницата ќе го разгледува Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година во делот: Слобода на движење на работници и Социјална политика и вработување.

 
 
26.11.2015 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега