Величковски-Рама: Регионална соработка низ практични проекти и дела

Регионалната соработка не е само фраза која треба да се употребува, туку ние настојуваме сето тоа да го преточиме во дело, низ практични проекти, нагласи началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, по денешната средба со командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Рахман Рама, кој е во официјална посета на АРМ.

На средбата Величковски и Рама разговарале за трансформацијата на АРМ, за искуствата од мировните миси надвор од државата, како и за соработката во образованието, при што било споменато дека кадети од косовските безбедносни сили се школуваат на Воената академија во Скопје, а образованието што ќе го стекнат, сметаат тие, ќе придонесе во регионалната соработка. 

- Сите иницијативи се дел од концептот „паметна одбрана“ што не е само на хартија, туку ние треба на наше ниво да го имплементираме, имајќи предвид дека малите држави немаат доволно ресусрси да развиваат цел спектар потреби за вооружените сили. Во тој правец оптимист сум дека ќе соработуваме, бидејќи сме соседи и нема пречки соработката да биде одлична, изјави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Армскиот полигон Криволак, додаде началникот на ГШ на АРМ, е отворен за активности на КБС и бидејќи соработката секогаш е двонасочна улица, рече, очекуваме дека од страна на КБС  ќе бидеме поканети да бидеме учесници на тренингот во новиот Центар  за пребарување и спасување што ќе се формира во рамките на КБС.

Командантот на КБС посочи дека се разговарало и за можноста за соработка во областа на медицината и кампот за обука на питомци, но и за проширување во иднина на соработката со Република Македонија.

- Добро е да бидеме дел од сите меѓународни иницијативи бидејќи Косово од географски аспект е многу блиску и добро е да имаме добрососедски и пријателски однос, порача генералот Рама.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Рама ќе се сретне и со заменик-министерот за одбрана Иљми Селами. 

 
 
26.11.2015 - 12:20
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега