Одложена средбата на работната група за медиумите

Денешната средба на работната група која разговара за реформите во медиумите е одложена поради консултативни средби за подготовка на конкретни предлози во врска со законите поврзани со медиумите, врз основа на досегашните дискусии со политичките партии и засегнатите страни, се наведува во пишаната изјава на белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Овие предлози, како што се појаснува во изјавата, ќе бидат дискутирани во работната група во следниве денови.

ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска одржаа протест пред Клубот на пратениците заради, како што соопштија, нетранспарентниот начин на водење на разговорите за медиумите.

 
 
26.11.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега