Судскиот совет денеска избра претседатели на три судови

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги избра Љиљана Ивановска Шопова за претседател на Апелацискиот суд Скопје, Костадин  Петров  за  претседател  на Основниот суд  Радовиш и Емилија  Буриќ  Прошева  за претседател на Основниот суд Берово.

Во денешното соопштение од Судскиот совет е наведено дека за претседатели на транспарентен начин ги избра кандидатите кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на СС.

- Советот со гласање за претседатели ги избира кандидатите кои покрај другите услови и критериуми - истите во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот беа оценети со највисока позитивна оцена и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови, се вели во соопштението.

Честитајќи им го изборот, претседателот на СС Бранко Ушковски од свое лично име и од името на  членовите на Советот, изразил надеж дека избраните претседатели ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.

 
 
26.11.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега