Соседска расправија остави само рушевини зад себе - скарани кочанчани го вознемириле цело маало

Поради стари недоразбирања си ги демолирале куќите и мопедите - нова сосетска драма овој пат во кочанското село Спанчево. 

Според МВР, пресметката меѓу соседите почнала вчера околу 14 часот, кога во домот на 65 годишната С.И. влегол нејзиниот сосед Б.М. и со камења почнал да ги крши инвентарот и прозорците. Сведоци на демолирањето биле сосетката на С.И. и нејзиниот 17 годишен внук.

Малолетните внуци на С.И. се збеснале кога виделе што прави Б.М., излегле во дворот и со секира го искршиле неговиот мопед кој бил паркиран пред куќата на нивната баба. Гневниот сосед, го видел ова, излегол надвор и им се одмаздил на малолетниците кршејќи го и нивниот мопед. На помош пристигнале и братот и таткото на Б.М. кои ги избркале двајцата малолетни внуци на С.И.

Според информациите од полицијата, приведени биле 28 годишниот Б.М. и неговие татко и брат. Против нив ќе биде подесена соодветна пријава по расветлување на случајот.

Соседите подолго време имале недоразбирања, кои често доведувале до жестоки кавги.

 

најчитано сега