Се самоуби пациент во штипската болница - се обесил со болнички завој

Пациент од штипскиот оддел на урологија ноќеска се обесил во својата болничка соба. Според информациите од МВР, пациентот се обесил со болнички завој.

Од полицијата информираат дека починатиот пациент бил роден во Свети Николе, а во штипската болница бил сместен поради проблеми со простатата, Тој бил опериран минатата недела и се опоравувал на Одделот за урологија.

Болничкиот персонал го откриле безживотното тело на пациентот, еден час по полноќ.

најчитано сега