Од паркирано возило украл што му дошло при рака - крадец од Скопје се збогати за 192.000 денари

Вчера скопјанец во полициската станица во Бит Пазар пријавил дека бил ограбен на булеварот Крсте Мисирков.

Се работи за 35-годишниот А.В. од Скопје кој бил ограбен на паркинг простор на булеварот Крсте Мисирков од страна на непознат сторител кој од неговото паркирано возило марка „форд фјужн“ одзел лап-топ компјутер, плик со 18.400 денари и фото-апарат.

Со тоа, крадецот причинил материјална штета од околу 192.000 денари.

Полицијата работи на случајот.

ФОТО: А1.он

најчитано сега