Манијак се самозадоволувал пред малолетнички на „Партизанска“

39 годишниот битолчанец Ј.Т. си заработи кривична пријава за „задоволување на полови страсти пред друг“, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, Ј.Т. во текот на јануари и февруари годинава, трауматизирал девојчиња низ Битола. Последните жртви на манијакот биле четири малолетни девојчиња кои чекале автобус на улицата „Партизанска“ во Битола. Ј.Т. им се приближил и се самозадоволувал пред нивните очи. 

Вчера, од полицијата информираа и за уште еден сличен случај, во кој 57 годишниот кумановчанец Л.С. заработил куќен притвор бидејќи се самозадоволувал во дворот од неговата куќа, пред очите на соседите.