Битолчани се испотепале на паркинг поради гласна музика

Битолчанец му се налутил на свој сограѓанин што пуштил гласна музика од своето возило, па настанала тепачка помеѓу нив.

Се работи за 31-годишниот В.Б. од Битола кој на паркинг простор на улицата „Анести Пановски“ го паркирал своето возило при што пуштил гласна музика. Музиката му пречела на неговиот сограѓанин Ј.П. па така најпрво настанала вербална расправија помеѓу битолчаните, а потоа во еден момент В.Б. го турнал Ј.П. на асфалтот и му нанел телесна повреда.

 

најчитано сега