ЕКСЛУЗИВНО: Расветлено убиството на скопјанката од Аеродром - нејзиниот син брутално ја убил на спиење

 
Полицијата го расветли убиството на 58 годишната скопјанка Ј.Н. која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, дознава Пресс24.
Според нашите информации, жената брутално ја убил нејзиниот 30 годишен син Антон П., кој, како што дознаваме бил долгогодишен наркозависник. Во грозоморното убиство му помогнал и неговиот другар Стојанче Б.
 
Истрагата покажала дека Антон дошол дома, земал метална шипка и брутално ја претепал својата мајка додека спиела. Откако го извршил убиството, избегал од местото на настанот и на излез од Скопје се ослободил од шипката и ја запалил облеката.
Полицијата ги пронашла и Антон и неговиот помошник Стојанче.
 
 

најчитано сега