Дел од Скопје утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 16:30 ќе останат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ броевите 107, 105 и 93 во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро-системот, без електрична енергија од 2:30 до 5:30 часот ќе останат корисниците од сите населени места во опшина Сарај, како и селата Кучково и Чашка, од 8:30 до 14 часот корисниците од дел од улицата Козле 1 и дел од населбата Средно Нерези, од 8:30 до 14:30 часот корисниците од дел од селото Љубош.

Без струја од 9 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савалиќ“, „Питу Гули“, „Салвадор Аљенде“ и дел од улицата „Партение Зографски“, од 9:30 до 15 часот корисниците од улицата „Метохиска“, „Индира Ганди“ и Гвадалхара, од 9:30 до 15 часот корисниците од ул. „4 - ти Јули“ од бр. 143 до бр. 157,  од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од улиците „Антоние Грубишиќ“ и „Коле Неделковски“, од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од Стара Чаршија и дел од Дуќанџик, од 10 до 14 часот корисниците од улиците Кленоец бр. 33 и „Владимир Каваев“ бр. 32 и од 11 до 15 часот корисниците од дел од улиците „Злате Михајловски“, „Ибе Паликуќа“ и „Војин Драшковиќ“.

 
 
02.12.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега