Голем број населби од Скопје без струја

Без електрична енергија утре од 8:00 до 8:30 часот ќе останат корисниците од дел од објектите на булевар „Крсте Мисирков“ во околината на ТЦ 26 јули во општина Чаир.

Од 8:30 до 14:30 часот без електричен напон ќе бидат корисниците од дел од село Љубош во  општина Студеничани.

Корисниците од дел од улиците „Трајко Китанчев“, „Неготинска“, „Сава Михајлов“, „Кавадарска“ и „Кожув“ во општина Гази Баба ќе бидат без струја од 8:00 до 15:30 часот.

Во време од 9:30 до 11:30 часот без напон ќе бидат корисниците од  дел од с.Света Петка, во општина Сопиште.

Без електрична енегрија во време од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“ од бр. 1 до бр. 10 и „Њуделхиска“ од бр. 9 до бр. 13. во општина Карпош.

Во време од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од булеварот „3-та Македонска ударана бригада“ во општина Аеродром.

Од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Рузвелтова“ од бр. 45 до бр. 53 и „Даскал Камче“ во општина Карпош.

Корисниците од дел од Стара Чаршија и дел од  Дуќанџик во општина Чаир ќе бидат без напон од 9:00 до 14:30 часот.

Во време од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од  објектот на  поранешна Американска Амбасада и дел од улиците Мирка Гинова и Миладин Поповиќ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради технички зафати во електро-системот.

 
 
03.12.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега